Tuesday, June 25, 2019

Градба на растението


                                                     Градба на растенијата

Растенијата се изградени од:
 - цвет
 - лист
 - стебло
 - корен
 - плод.

Цвет

    Цветот е генеративен орган на скриеносемените растенија чијашто функција е полово или бесполово размножување. А кај вишите растенија тој претставува репродуктивен орган. По формирањето на спорите или гаметите и после оплодувањето, од него се образуваат семето и плодотКај повеќето цветови разликуваме четири делови наречени прешлени: чашка, венче, прашник и плодник. Двете последни се полови органи, а чашката и венчето имаат функција да ги заштитат овие органи и да привлекуваат инсекти кои можат да го олеснат размножувањето.


  • Чашка и венче
Најзабележително кај еден цвет обично е венчето, кое е составено од листови преобразени во венечни ливчиња со живи бои. 
Цветните ливчиња се преобразени ливчиња со заштитна функција и обично се забележителни.
Венчето е опкружено се помали листови наречени чашкини ливчиња, кои заедно ја составуваат чашката, а кај некои цветови тие се споени и составуваат еден единстве дел.
 Пред да се развие цветот, цветната пупка е покриена и заштитена со чашката.

  • Машки полови органи

Машки полови органи на цветот се прашниците што се наоѓаат внатре во венчето. Секој прашник има едно влекно кое завршува со две прашнички ќесиња во внатрешноста, а тие содржат поленови зрнца од кои произлегува жолтеникавата боја што ја гледаме во средината на цветот. Нивната функција е да произведуваат машки гамети. Кога ќе достигнат зрелост, поленовите ќесиња се кинат и го испуштаат поленот.




  •  Женски полови органи

Највнатрешниот дел од цветот се нарекува плодник и се состои од еден или повеќе свиткани листови соени со рабовите, наречени плодни лушпи. Речиси секогаш плодникот се состои од низа лушпи залепени во една целина, наречена толчник поради сличноста со аванот. Долниот дел е плодник што ги содржи јајце клетките: ,,рачката’’ е столпче на толчникот, а ,,главата’’ на рачката е стигмата (врвот). Стигмата обично произведува слатка и леплива течност на која можат да се залепат поленовите зрна.


  • Полот на цветот и полот на растението

Повеќето цветови се хермафродити, односно имаат и прашник и плодник. Но има и такви видови, наречени еднодомни, кај кои на едно исто растение има два вида цветови: едни машки (без плодник) и други женски (без прашник). Постојат и дводомни растенија, односно со машки единки (само машки цветови) и женски единки (само женски цветови).

  • Соцветија

Цветовите обично не се осамени, туку создаваат многу разновидни групи наречени соцветија. Некои од можните форми на соцветија се буќет, клас, чадор и др.




Лист

    Листовите се тесни и плоскави бидејќи тие мора да произведуваат храна за растението, а тоа го прават преку фотосинтеза. Со таквиот облик лисјата можат да постигнат максимално впивање на светлосната енергија.
Освен тоа, ако се загледаш, ќе видиш дека листовите се распоредени на стеблото или на гранките на таков начин што многу малку си пречат едни на други во примањето светлина.



  • Градба на листот

Лиската е составена од еден слој фотосинтезичко ткиво, наречено мезовил, покриено од двете страни со мазно и сјајно епидермално ткиво на листот. Епидермисот спречува мезофилот да се исуши, а за таа цел обично е покриен со слој од восок што го прави водонепропуслив. Нервите се спроводни снопчиња. Клетките на мезофилот се зелени поради големото количество хлорофил што се наоѓа во хлоропластите. Стомите се микроскопски отвори што ги има листот во епидермисот на долната страна. Нивната функција е да го овозможат влегувањето на јаглеродот од воздухот, без кој фотосинтезата не би била можна. Но, со отворените стоми листот е изложен на загуба на вода преку испарување. Но ова не се случува, затоа што секоја стома е како мало усте опкружено со еден пар клетки затворачи во облик на усни кои овозможуваат  растението да ги затвори своите стоми кога има опасност од исушување.

                   




  • Видови листови

Облиците што можат да ги имаат листовите се толку различни што лиската би била безкрајна. Ботаничарите ги разликуваат листовите по:
- Според лиската: клинести (во облик на клин)
                               стрелести (во облик на стрела)
                               голи (со мазна површина)
                               влакнести (покриени со влакненца) итн.
- Според работ на лиската: рамен (мазен раб)
                                              запчест (со запци)
                                              назабен (со тапи и свиткани запци)
                                              ресест (поделен на заоблени делови) итн.
- Според нервите: перести нерви (како пердув)
                               прстести нерви (нервите излегуваат од иста точка)
                               паралелни нерви (нервите се паралелни) итн.
- Според поврзаноста со стеблото: без дршка и седечки (кога се витка околу себлото) итн.





Стебло

    Стеблото е средишниот дел на растението што го прицврстува растението на почвата и ги пренесува водата и храната (минералите, шеќерите и хранливите материи) низ спроводните снопчиња.
Друга функција на стеблото е да ги држи листовите над листовите на ближните растенија (растенијата близу нив) и да го држи растението исправено и покрај ударите на ветерот и бурите.
  Алгите, габите и мовта немаат потреба од стебло.




  • Градба на стеблото

Ако го пресечеме стеблото кај подебело растение ќе видиме дека во него се разликуваат две зони:
- Цилиндар на кората: составен од епидермис и кора (составена од паренхим)
- Централен цилиндар: во него се наоѓаат спроводните ткива (флоем и ксилем)
  Во внатрешниот дел е срцевината, составена од паренхим.

                                           


  • Многу видови стебла

Копнените растенија според цврстината на нивните стебла можат да се поделат на две големи групи: зелјести растенија, со меко и зелено стебло, и дрвенести растенија, со масивно и тврдо стебло како стеблото на дрвјата и грмушките. Но, според обликот и функцијата што ја врши, стеблото може да биде: мустаче, ако расте прикрепувајќи се за потпора; сочно, кога е месесто и сочно; или ползечко, кога расте прикрепувајќи се на подлога.
Другите стебла добиле заеднички имиња како трска (дрвенесто стебло со коленца), ризом (посземно стебло кое се задржува и по распаѓањето на надземниот дел на растението), луковица (многу кратко стебло, со многу месести листови), грутка (дел од подземно стебло, заоблено, со хранливи резерви) и други.
Главното стебло што се развива кога израстува растението може да се разграни, пуштајќи стебла од втор ред кои се нарекуваат гранки, на кои се прикрепени листовите. Тие гранки одново можат да се разгранат и така последователно се случува феноменот наречен разгранување. Кај дрвјата, како елата, главната оска расте и развива странични гранки. Овој вид разгранување се нарекува моноподно. Но, кај повеќето дрвја, како дабот и костенот,  растењето на оската набргу престанува и продолжува растењето на страничните гранки. Тоа се нарекува симподно разгранување.
Кога се работи за дрвја, збирот гранки ја сочинуваат крошната на дрвото. Моноподното разгранување овозможува растење во височина.

       

                           Костен                                                                      Ела

Вид стебло
Растение
Мустаче
Винова лоза
Сочно крепко
Смоква
Ползечко
Лубеница
Трска
Бамбус
Ризом
Лилјан
Луковица
Кромид
Грутка
Компир


Корен

    Корењата не служат само за да го држат растението прицврстено за земјата. Сите
супстанции што му се потребни на растението, освен кислородот, јаглеродот и сончевата
енергија, мора да бидат апсорбирани преку корењата што растат во почвата и се шират во
потрага по вода и минерали.
Освен апсорбирањето на овие материи од почвата, корењата треба и да ги пренесат до стеблото низ зоната на спојување со него, вратот на коренот.
Обично корењата имаат две важни, добро дефинирани зони: врвот или вегетативниот конус и
зона со коренски влакненца.
 Врвот е зоната на растење што се наоѓа на врвот од коренот.
Многу е краток (околу 5mm), зошто инаку коренот лесно би се извиткувал при растењето
поради отпорот од почвата. Освен тоа, тој е заштитен со еден вид обвивка наречена калиптра
или капа која му овозможува да навлегува во земјата.
Зоната со коренови влакненца е
најмладиот дел од коренот, почнува неколку милиметри од калипрата и има коренови
влакненца.


  • Градба на корен

Корените, во најголем дел, се составени од кора, пред се од паренхимско ткиво.
Најдебелите во голема мера личат на гранките на дрвенестите растенија, но најмалите се покриени само со кореновиот епидермис или ризодермис, од чии клетки излегуваат кореновите влакненца. Внатрешноста на коренот се состои од еден централен цилиндар низ кој минуваат спроводните снопчиња на ксилемот и флоем.

                             
  • Видови корени

Кога од еден главен корен што се развива во длабочина ќе излезат секундарни корени, помалку развиени, имаме осков корен.
 Кога во еден коренов систем не се разликува главниот корен од споредните, тогаш се развива жилест корен.
Има и специјализирани корења во кои се складираат хранливите материи, како што се репкастите корени на репката, вретенестиот корен на морковот, како и надземи корени со различни намени (потпора, дишење, итн.).

                     


                         
  • Полезни корени

Кога никнува една семка, коренот и никулецот се развиваат едновремено. Но, можат да се развијат корени и од стеблото и од листовите на развиеното растение, што е многу погодно. Овие корени, наречени адвентивни корени, можат да бидат дел од развитокот на едно растение, како што се случува со ластарот на јагодата или куките на бршленот, но можат да се предизвикаат и вештачки со цел безполово да се размножи растението.
Смоквите  на пагодите испуштаат надземни корени кои се прицврстуваат за почвата и претставуваат вистински потпори кои држат големи хоризонтални гранки.


Плод

   Зборот плод не потсетува на оние добро познати месести овошки како што се крушите, грозјето, јаготките, праските итн. Но под плод се подразбира производ од растенијата, кој најчесто го користиме како храна, и плодови не се само овошките, туку и зеленчукот, грашокот, гравот и сл. и јаткастите плодови.
Кога доаѓа до опрашување, придружено со оплодување, плодните лушпи кои го составуваат плодникот на цветот почнуваат нова етапа во развојот: растат, го менуваат обликот, се стврднуваат или стануваат месести, и полека се преобразуваат во зрел плод.
Однадвор кон внатрешноста речиси сите плодови имаа надворешен слој или егзокарп (кожичка) и еден внатрешен слој , или ендокарп, што ги опкружуваат семката на плодот. Многу од нив исто така имаат и среден слој, наречен мезокарп, кој обично е месест.                    Кај некои растенија со опрашувањето на стигмата почнува развојот на плодот, без да има оплодување. Природно, на овој начин нема да се развијат семки во плодот. Грозјето без семки и бананата се примери на овој феномен што го добил името партенокарпија.


Семка

   Семката можеме да ја замислиме како младо растение што не се развива. Жива е, но во состојба на кратко мирување, со резерви од хранливи материи и обично е опкружена со заштитна обвивка - некогаш и со плод и е подготвена да биде распространета. Кога младото растение ќе почне да расте, во текот на првите денови ќе се храни со резервите што го придржуваат.
Сите растенија не создаваат семки. Кај растенијата приспособени да растат на копно, на крајот на оплодувањето плодникот со својот ембрион се преобразува во семка; нејзините ѕидови се задебелуваат и создаваат надворешна обвивка или семена обвивка, а ембрионот е опкружен со хранливо ткиво наречено ендосперм.


                                                  Никнење

   По мирувањето што трае различно време во зависност од видот, ембрионот се буди кога влажноста и температурата се погодни за да го почне својот развој. Тогаш семката набабрува, ембрионот почнува да расте, користејќи ги хранливите резерви што го придржуваат, и ја кине семената обвивка. Кога ќе се истрошат резервите, младото растение веќе има корен со коренови  влакненца за да ги апсорбира водата и хранливите материи од почвата и пушти зелени листови со хлорофил за да врши фотосинтеза.


1 comment:

  1. многу е корисно ова бидејќи во моментов правам презентација за градба на растението и многу ми е корисно. Ќе добијам 5ка заради ова фалааа!!!

    ReplyDelete