Sunday, May 5, 2019

Растителни клетки

  
                                                              Растителни клетки

 Сите живи суштества се составени од клетки. Клетките се најмалите единици кои постојат и имаат сопствен живот. Можеме да ги видиме само под микроскоп. Организмите што не ги гледаме со голо око се состојат од само една клетка, имено, тие се едноклеточни. Но растенијата и животните кои обично ги гледаш околу себе се повеќеклеточни, имаат ткива составени од многу тесно поврзани клетки кои вршат иста задача, како и органи формирани од различни ткива кои на координиран начин вршат одредена важна животна функција. 






 Растителна клетка

Растителната клетка се состои од:
- цитоплазма
( Сите клетки мораат да содржат цитоплазма. Таа претставува целиот жив материјал во една клетка. Таа содржи хомогена стаклеста маса наречена хијалоплазма (цитоплазмичен матрикс) и во неа се распрскани ситни грануларни (зрнести) структури, кои се викаат цитозоми. Има налик на гел.)
     


                                                                         цитоплазма

- клеточен ѕид
( Клеточниот ѕид  го има кај сите растителни клетки. Тој е цврст и е мошне крут. Негова функција е да ја одржува формата на клетката. Изградени се од целулоза.)



                                                               градба на клеточен ѕид

- клеточна мембрана
( Клеточната мембрана (плазмалена) е дел од клетката кој го имаат сите клетки. Таа е многу тенка и еластична. нејзината градба е трислојна. Нејзина функција е да контролира што излегува и што влегува во клетката.)



                                                   градба на клеточна мембрана

- јадро
( Јадрото е неопходна компонента на клетката. Интересно е тоа што има наследен материјал. Неговата форма зависи од формата на клетката, а исто така во јадрото се извршуваат најсуштинските процеси поврзани со размножувањето и наследството. Повеќето клетки имаат по едно јадро. Тоа ја контролира активноста на клетката. Исто како мозокот кај човекот.)




                                                                   градба на јадро

- голема вакуола
( Повеќето растителни клетки имаат вакуола. Вакуолите се простори во цитоплазмата ограничени со мембрана наречена тонопласт и исполнети со растворени органски и неоргански соединенија во вода, како што се протеини, јаглехидрати, витамини, аминокиселини, соли итн.)





                                                            вакуола на Rhoeo discolor    

- хлоропласти
( Растителните клетки кои се изложени на сончева светлина најчесто содржат хлоропласти. Хлоропластите се местата во кои растенијата ја создаваат својата храна. Хлоропластите имаат зелена боја бидејки содржат хлорофил.)






          градба на хлорофил


No comments:

Post a Comment