Tuesday, June 25, 2019

Градба на растението


                                                     Градба на растенијата

Растенијата се изградени од:
 - цвет
 - лист
 - стебло
 - корен
 - плод.

Цвет

    Цветот е генеративен орган на скриеносемените растенија чијашто функција е полово или бесполово размножување. А кај вишите растенија тој претставува репродуктивен орган. По формирањето на спорите или гаметите и после оплодувањето, од него се образуваат семето и плодотКај повеќето цветови разликуваме четири делови наречени прешлени: чашка, венче, прашник и плодник. Двете последни се полови органи, а чашката и венчето имаат функција да ги заштитат овие органи и да привлекуваат инсекти кои можат да го олеснат размножувањето.


  • Чашка и венче
Најзабележително кај еден цвет обично е венчето, кое е составено од листови преобразени во венечни ливчиња со живи бои. 
Цветните ливчиња се преобразени ливчиња со заштитна функција и обично се забележителни.
Венчето е опкружено се помали листови наречени чашкини ливчиња, кои заедно ја составуваат чашката, а кај некои цветови тие се споени и составуваат еден единстве дел.
 Пред да се развие цветот, цветната пупка е покриена и заштитена со чашката.

  • Машки полови органи

Машки полови органи на цветот се прашниците што се наоѓаат внатре во венчето. Секој прашник има едно влекно кое завршува со две прашнички ќесиња во внатрешноста, а тие содржат поленови зрнца од кои произлегува жолтеникавата боја што ја гледаме во средината на цветот. Нивната функција е да произведуваат машки гамети. Кога ќе достигнат зрелост, поленовите ќесиња се кинат и го испуштаат поленот.




  •  Женски полови органи

Највнатрешниот дел од цветот се нарекува плодник и се состои од еден или повеќе свиткани листови соени со рабовите, наречени плодни лушпи. Речиси секогаш плодникот се состои од низа лушпи залепени во една целина, наречена толчник поради сличноста со аванот. Долниот дел е плодник што ги содржи јајце клетките: ,,рачката’’ е столпче на толчникот, а ,,главата’’ на рачката е стигмата (врвот). Стигмата обично произведува слатка и леплива течност на која можат да се залепат поленовите зрна.


  • Полот на цветот и полот на растението

Повеќето цветови се хермафродити, односно имаат и прашник и плодник. Но има и такви видови, наречени еднодомни, кај кои на едно исто растение има два вида цветови: едни машки (без плодник) и други женски (без прашник). Постојат и дводомни растенија, односно со машки единки (само машки цветови) и женски единки (само женски цветови).

  • Соцветија

Цветовите обично не се осамени, туку создаваат многу разновидни групи наречени соцветија. Некои од можните форми на соцветија се буќет, клас, чадор и др.




Лист

    Листовите се тесни и плоскави бидејќи тие мора да произведуваат храна за растението, а тоа го прават преку фотосинтеза. Со таквиот облик лисјата можат да постигнат максимално впивање на светлосната енергија.
Освен тоа, ако се загледаш, ќе видиш дека листовите се распоредени на стеблото или на гранките на таков начин што многу малку си пречат едни на други во примањето светлина.



  • Градба на листот

Лиската е составена од еден слој фотосинтезичко ткиво, наречено мезовил, покриено од двете страни со мазно и сјајно епидермално ткиво на листот. Епидермисот спречува мезофилот да се исуши, а за таа цел обично е покриен со слој од восок што го прави водонепропуслив. Нервите се спроводни снопчиња. Клетките на мезофилот се зелени поради големото количество хлорофил што се наоѓа во хлоропластите. Стомите се микроскопски отвори што ги има листот во епидермисот на долната страна. Нивната функција е да го овозможат влегувањето на јаглеродот од воздухот, без кој фотосинтезата не би била можна. Но, со отворените стоми листот е изложен на загуба на вода преку испарување. Но ова не се случува, затоа што секоја стома е како мало усте опкружено со еден пар клетки затворачи во облик на усни кои овозможуваат  растението да ги затвори своите стоми кога има опасност од исушување.

                   




  • Видови листови

Облиците што можат да ги имаат листовите се толку различни што лиската би била безкрајна. Ботаничарите ги разликуваат листовите по:
- Според лиската: клинести (во облик на клин)
                               стрелести (во облик на стрела)
                               голи (со мазна површина)
                               влакнести (покриени со влакненца) итн.
- Според работ на лиската: рамен (мазен раб)
                                              запчест (со запци)
                                              назабен (со тапи и свиткани запци)
                                              ресест (поделен на заоблени делови) итн.
- Според нервите: перести нерви (како пердув)
                               прстести нерви (нервите излегуваат од иста точка)
                               паралелни нерви (нервите се паралелни) итн.
- Според поврзаноста со стеблото: без дршка и седечки (кога се витка околу себлото) итн.





Стебло

    Стеблото е средишниот дел на растението што го прицврстува растението на почвата и ги пренесува водата и храната (минералите, шеќерите и хранливите материи) низ спроводните снопчиња.
Друга функција на стеблото е да ги држи листовите над листовите на ближните растенија (растенијата близу нив) и да го држи растението исправено и покрај ударите на ветерот и бурите.
  Алгите, габите и мовта немаат потреба од стебло.